Викторија Бекам се појавила во Њујорк во прекрасен фустан којшто го спојува гламурот, женственоста и елеганцијата.
Модната дизајнерка Викторија Бекам никогаш не греши кога станува збор за модата.
Таа неодамна го привлекла сето внимание кај сите што ја виделе во Њујорк. Таа таму престојувала за со својот тим да ги прослави претстојните празници, а покрај неа биле сопругот Дејвид Бекам и синот Ромео.

Сите биле беспрекорно модно стилизирани, но сепак Викторија ја однела победата.
За оваа прилика таа избрала да носи префинет темносин, свилен миди-фустан којшто ја следел линијата на нејзиното тело.
Моделот „Split Hem“ по себе имал тегет и бели цветни примери и необични ракави.
Фустанот бил изработен од луксузна свила и го карактеризира елегантен крој со флорални детали, како и длабок изрез од страната.
Посебноста се крие во асиметричните ракави кои даваат доза на динамика во целата креација.

Фустанот ги спојува софистицираноста, женственоста и гламурот, а неговата цена изнесува 1.300 евра.
Овој фустан Викторија го искомбинирала со кафеави чевли на висока потпетица кои одлично ги вклопила со кафеавата чанта со средна големина.
Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Викторија Бекам?







