Дали знаете кој кинески автомобил е најпродаван во Европа? Резултатот ќе ве изненади!

Точка

10/12/2025

14:11

822

Големина на фонт

а а а

Таа чест му припаѓа на мал SUV кој зазема сè поголем дел од пазарот.

Кинеските производители на автомобили пуштија корени на европскиот пазар, растат од месец во месец и се прилагодуваат на пазарните услови.

Имено, на почетокот на нивната „инвазија“ доминантна идеја беше настап со електрични автомобили, но како што се менуваа интересите на купувачите и ЕУ воведе дополнителни давачки за кинеските електрични возила, така се менуваше и понудата.

Денес можете да купите кинески автомобили со бензински мотор, хибриди, како и plug-in хибриди.


Кој кинески модел е најпродаван во Европа?

Таа чест му припаѓа на "MG ZS", малиот SUV кој во изминатите десет месеци е продаден во 104.000 примероци (според податоците на „Dataforce“), што е солиден дел од европската пазарна „торта“, пишува „Revijahak“.

Ако се земе предвид дека најпродаваните европски модели како "Dacia Sandero" или "Renault Clio" во првите десет месеци имаат околу 200.000 купувачи, ова е навистина одличен резултат за "MG".

Новата генерација на "ZS" е достапна со новиот "MG" хибриден систем или со бензински мотор, а препорачаната почетна цена е 19.990 евра (за бензинската верзија).


Во што е тајната?

Како и кај "Suzuki Vitara", "MG ZS" нуди SUV каросерија и доволно простор по пристојна цена. Покрај тоа, е поевтин од "Vitara".

Не е без мани, но тие не се значајни — особено кога станува збор за функционалноста и безбедноста.