"Rimac" ги распродаде сите автомобили, а не се ни произведени: „Жал ни е, нема повеќе на резерва“! Ова е цената

Точка

06/12/2025

09:21

553

Големина на фонт

а а а

Екстремниот луксуз очигледно им пркоси на сите светски кризи — „Bugatti“ веќе ги распродаде сите планирани примероци од моделот "Tourbillon", кој чини дури 3,8 милиони евра.

Сите 250 планирани примероци на автомобилите на Римац веќе имаат нови сопственици, иако производството ќе трае до 2029 година.

Мате Римац, извршен директор на заедничкиот проект „Bugatti-Rimac“, изјави на конгресот на списанието „Automobilwoche“:

„Морам да ве разочарам: повеќе немаме ниту еден на резерва.“


Истовремено забележа дека „купувачите на врвни автомобили и понатаму сакаат мотори со внатрешно согорување“, а „Bugatti“ планира да произведува околу 80 примероци од "Tourbillon" годишно.

"Tourbillon" користи 8,3-литарски V16 мотор развиен од „Cosworth“, со 1.000 коњски сили. Тој е сместен пред задната оска и ги придвижува задните тркала. Моторот има две групи цилиндри под агол од 90 степени, што го издвојува од конфигурацијата во моделот "Chiron".


Дополнително, три електромотори со по 340 коњски сили го надополнуваат погонскиот систем: два напред и еден назад. Така се добива хибрид со погон на сите тркала и вкупна моќност од 1.800 коњски сили. И покрај тоа што има високоволтажна батерија од 25 kWh и хибриден погон, вкупната маса не надминува две тони.

„Bugatti“ исто така наведува дека само електричниот опсег изнесува околу 60 километри.