Избран најздодевниот телефон за 2025 година

Точка

09/12/2025

20:14

547

Големина на фонт

а а а

Крајот на годината носи бројни листи на најдобрите телефони, но и на оние што најмногу разочарале. Според оценката на порталот "PhoneArena", титулата „најздодевен телефон“ за 2025 година ја понесе „Apple iPhone 16e“.

Додека, од друга страна, за најдобар телефон беше избран "iPhone 17 Pro Max", пред сè поради попрактичната селфи-камера, поискористливиот 4x зум-објектив и одличната автономија, "iPhone 16e" помина сосема поинаку.

Критиките наведуваат дека овој модел суштински е "USB-C" верзија на iPhone-14“, без нови идеи и без позначајни функционални предности.


Жестоки критики, одлична продажба: "iPhone 16e" предизвика бурни реакции и покрај големата побарувачка

Тој е опремен со само една камера, нема "MagSafe", а максималната осветленост на екранот на отворено е далеку од идеална. Со цена што кај нас се движи околу 1.400 евра, оценето е дека „нема никаков wow-ефект“.

Дополнителен минус се однесува на "Apple Intelligence", кој е прогласен за еден од најголемите промашувања на годината. Иако "Apple" силно го промовираше својот "AI" екосистем, клучните функции не ги исполнија ниту приближно очекувањата, а доаѓањето на новата "AI Siri" е поместено за 2026 година, поради што целокупното "AI" искуство е оценето како прилично заостанато во однос на конкурентите.


И покрај жестоките критики, пазарот го кажа своето. Според податоците на "Counterpoint Research", "iPhone 16e" во третиот квартал од 2025 година се искачи на четвртото место на листата на најпродавани телефони во светот.

Ова потврдува дека најпристапниот "AI iPhone" и понатаму успева да привлече огромен број купувачи, дури и кога експертите го сметаат за најздодевниот модел на годината, пренесува "BenchMark".