Норис ја одбрани предноста во Абу Даби и ја освои првата титула во Формула 1

Дерби

07/12/2025

16:17

1.099

Големина на фонт

а а а

Ландо Норис го освои третото место на трката во Абу Даби, што беше доволно да остане на првото место во генералниот пласман и да ја потврди првата титула светски шампион во Формула 1.

Членот на Мекларен го оствари најголемиот успех во досегашната кариера, прекинувајќи ја серијата на Макс Ферстапен, кој сезонава ќе мора да се задоволи само со второто место.

Токму Ферстапен со болидот на Ред Бул беше најдобар на последната трка од веќе завршената сезона, но првото место не му беше доволно да ја надополни негативата зад Норис, додека Оскар Пјастри со втората позиција заврши на третото место во генералниот пласман.

Ферстапен без многу драма ја доби денешната трка, Норис си ја исполни целта да остане на сигурното трето место кое му гарантираше титула, а солиден настап имаше и Шарл Леклер, кој во Абу Даби го освои четвртото место.

Пласман до десеттата позиција обезбедија уште Расел, Алонсо, Окон, Хамилтон, Берман и Строл.