Џереми О. Харис американски актер најпознат по улогата во Нетфликсовата серија „Емили во Париз“, е уапсен во Јапонија и веќе 18 дена се наоѓа во притвор.
Харис бил уапсен на 16 ноември под сомнение за обид за шверц на илегални дроги.
Му пронашле синтетичка дрога
Според информациите на Ројтерс, 36-годишниот актер бил запрен на аеродромот Наха на островот Окинава. Царински службеник во неговата торба наводно пронашол „0,78 грама кристал што содржи синтетичка дрога МДМА“. Јапонија е позната по исклучително строгите закони за дроги, а царинските службеници поднеле кривична пријава против Харис во четврток, на 4 декември.

Наградуван драматург и актер
Како драматург, Харис ја напишал својата високо оценета драма „Slave Play“ додека студирал на Универзитетот Јејл, а таа во 2019 година пристигнала на Бродвеј. Претставата поставила рекорд со 12 номинации за наградата „Тони“, што тогаш било најголем број за една недрамска претстава.

Како актер, Харис е најпознат по улогата на Грегори Елиот Дупре во серијата „Емили во Париз“. Исто така, се појавил во новата верзија на серијата „Трачерка“ и во серијата „Што правиме во сенка“. Пред неколку години, Харис стана вирален поради приказната што ја раскажа за пејачката Адел.







