[ФОТО] Погледнете ги потенцијално најсмешната и најсилната група на Светското првенство: Вакви разлики никогаш досега не постоеле

Точка

05/12/2025

17:23

430

Големина на фонт

а а а

Ждрепката за Светското првенство е закажана за 18 часот, а овојпат би можеле да добиеме целосно неурамнотежени групи. До таа мера што би можел да се наруши и самиот баланс на ждрепката.

Токму затоа „FIFA“ воведе правило за „носители“ — односно Франција, Англија, Аргентина и Шпанија, доколку ги освојат групите, да бидат проектирани директно во полуфиналето.

Погледнете како изгледаат шеширите, а потоа следуваат и неколку можни комбинации на групи.

Шешир 1: Канада, Мексико, САД, Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија.

Шешир 2: Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија, Австралија.

Шешир 3: Норвешка, Панама, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Африка.

Шешир 4: Јордан, Зеленоортски Острови, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд + 4 селекции од европскиот бараж, каде се наоѓа и Македонија + 2 од интерконтиненталниот бараж.

Потенцијално најсмешната или најслабата група би можела да гласи:

Канада, Иран, Катар, Зеленоортски Острови/Курасао/Хаити.

Навистина е неверојатно ваква група да се види на Мундијал, но тоа би можела да биде новата нормалност.

Сепак, можно е да се формираат и пеколно тешки групи, на пример:

Аргентина, Хрватска, Норвешка/Египет/Брегот на Слоновата Коска, Италија/Гана/Турција.