Ливерпул не успеа да го победи Сандерленд и загуби дополнителни два бода во обидот да се врати поблиску до врвот на табелата, па следниот натпревар ќе биде нова можност за враќање на победите од страна на избраниците на Арне Слот.
Менаџерот зборувал во пресрет на гостувањето кај Лидс, потенцирајќи дека главна амбиција на „црвените“ во моментов е да се вратат во Топ 4 зоната.
– Актуелната ситуација на табелата покажува дека Премиер лигата е уште поквалитетна оваа сезона.
– Секоја година се зголемува квалитетот и конкуренцијата, а причината е јасна, клубовите имаат многу пари за трошење.
– Наша прва и најважна цел сега е да се вратиме во Топ 4 друштвото, воопшто не сме среќни со деветтата позиција на која се наоѓаме во моментов, – рекол Слот.






