Ирина Шајк не е без причина една од најубавите и најзгодни жени, а на последните фотографии тоа повторно го докажале.
Популарната манекенка Ирина Шајк деновите ги поминува на одмор, од каде објавила низа фотографии на социјалните мрежи и привлекла големо внимание.
Руската убавица позирала во неколку костими за капење кои ја истакнале нејзината фигура на тело, па освен што ја покажала колекцијата на бикинија, таа ги маѓепсала луѓето со своето извајано тело. А, потоа на ред дошле и фотографиите од базен каде што е извесно дека е гола.
Не било во фокус само совршеното тело на манекенката туку таа ја покажала и својата природна убавина која ја краси години наназад, па не е ни чудно што баш таа е една од омилените ангели на „Викторија Сикрет“.
Како што се очекувало, објавата на прекрасната Русинка за кратко време добила голем број допаѓања, но и коментари.
„Ти си најубавата жена на планетата“, „Го одземаш здивот“, „Врели кадри“, „Како можеш да имаш такво тело“, „Совршена си“, „Ова се вика перфекција“, биле само дел од коментарите.
И љубовниот живот на Ирина Шајк е под лупа на јавноста поради затегнатиот однос со Том Брејди со којшто ја спојуваат веќе подолго време, а како што се претпоставува тие двајца сѐ уште не го дефинирале точно нивниот однос.

\










