Една од најубавите пејачки на македонската сцена претпразнично отпатува во егзотичниот Тајланд, па постојано ги покажува магиите со кои е опкружена таму.
Викторија Лоба која е една од најубавите, а воедно и „поплодните“ пејачки на македонската сцена, освен своите професионални ангажмани на својот Инстаграм профил често споделува видеа и фотографии од земјите и местата кои ги посетила, прикажувајќи ги убавините во кои ужива.
Пејачката моментално е во Тајланд, а во низата фотографии кои ги објави видно е дека ужива во таа земја поради тоа што позира со широка насмевка на своето лице на различни туристички дестинации кои вреди да се посетат доколку сте на Тајланд.
Под објавите пејачката напишала:
„Ете така... Понекогаш ти треба само добро друштво, мала авантура во Тајланд и едно големо „ДА“ за животот“, „Бангкок никогаш не спие...“.
Под фотографиите пејачката добила многу коментари од своите пријатели и фанови, а нам ни останува само да уживаме во увидот на егзотиката и можеби да испланираме едно патување токму во Тајланд.













