Во поткастот „Претрес“ со новинарот Ландов, гостуваше Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје, а тој говореше за новиот систем „Сејф Сити“.
Откако започна тест-периодот на „Сејф Сити“ многу од граѓаните имаат прашања на кои очекуваат одговор од надлежните, истите поврзани околу одредени нелогичности кои ги засегаат граѓаните.
Едно од прашањата кое се наметна е: „Што доколку мора да возите брзо за да стигнете до болница кога се работи за спасување на човечки живот?“.

Началникот на СВР Скопје говореше и на оваа тема, па еве што кажа:
„Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот. Ако човекот оди во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери и казната да се повлече. Но, ќе биде казнет доколку завршил некаде на кафенце“, изјави Топаловски додавајќи дека системот е направен така што не може ниту една снимка да биде избришана.
„Системот е дизајниран да не може да се избрише видеозапис. Снимките остануваат трајно, но не знам колку точно. Не може да се случи прекршок, а истиот да не биде процесиран“, изјавил Топаловски којшто кажа и дека системот ќе регистрира и погрешно престројување, брзо возење, недозволено возење, непропуштање пешак, а следно на листата е и користење на мобилен телефон во текот на возењето и некористење безбедносен појас.
Целиот поткаст проследете го во продолжение:











