Од 6.000 до 16.000 евра – скопските гаражи ја „прегазија“ логиката на пазарот

Денар

03/12/2025

19:52

1.066

Големина на фонт

а а а

Цените на гаражите во Скопје одамна ја напуштија зоната на „дополнителна погодност“ и денес се третираат речиси како недвижност од прва линија.

Пазарот за подземни и надземни паркинг-места се движи во чекор со становите: нагоре, упорно и без намера да застане.

Во различни делови од градот, едно обично гаражно место се продава од 6.000 до дури 16.000 евра. Тоа е сума што пред само една деценија ја плаќале луѓе за гарсониера во периферија, и денес многумина не можат ни да се насмеат кога ќе го слушнат споредувањето, туку само ќе ги кренат рамениците – што да правиш, такво време дојде.

Познавачите објаснуваат дека главниот двигател на цените е хроничниот недостиг од паркинг-простор во градот. Не станува збор само за центарот, туку буквално за сите општини во кои во последните години никнаа цели комплекси од згради без доволно места за автомобили.

„Половина од становите немаат паркинг“, велат експертите и додаваат дека оваа бројка не е само статистика туку реален товар врз секојдневието на скопјани.


Кога се гради објект со 80 станови и само 30 гаражи, логично е дека некој ќе мора да кружи по улица додека не најде празно место, а тоа – што вреди да се каже – може да трае и по половина час, особено во часовите кога се враќаат сите дома.

Инвеститорите, пак, се повикуваат на „пазарната логика“, иако многумина што го следат пазарот ќе речат дека во ова не останало многу логика.

Кога една гаража достигнува цена од 16.000 евра, таа веќе не е ниту луксуз ниту практичност, туку нешто што граѓаните го купуваат затоа што мораат, не затоа што сакаат.

Еден долгогодишен аналитичар ни рече дека ваквиот тренд е неминовен:

„Кога побарувачката е огромна, а понудата ограничена, цените одат горе. И ќе продолжат да одат, нема тука многу филозофија. Порано за тие пари се купуваше гарсониера, а сега гаража“.

Изнајмувањето, исто така, одамна го напушти „разумниот“ опсег. Денес, месечна кирија за гаражно место во Скопје чини меѓу 50 и 100 евра, зависно од квартот, од пристапноста, од тоа дали портата е автоматска или не.


Некои граѓани велат дека веќе им се случило да плаќаат повеќе за гаража отколку за сопствената сметка за струја, што само по себе звучи апсурдно, но, ете, реалност е.

„Ако не сакаш да ти го изгребат автомобилот или да кружиш со нерви секоја вечер, ќе платиш. И толку“, ни кажува познавач на урбаните трендови, кој вели дека во Скопје паркирањето одамна преминало во нов вид урбан луксуз.

Инаку, кризата со паркинг-простор не е само визуелен или сообраќаен проблем, туку и економски. Па така, местата пред зградите што некогаш биле бесплатни денес се претворени во мини-зони под клуч или приватни иницијативи што „чуваат место“ – на легален или нелегален начин.

Многумина признаваат дека со години не можат ни да помислат да го остават автомобилот на улица преку ноќ, па токму затоа цената на гаражите продолжува да се качува како да е приврзана за некоја гумена лента што некој постојано ја влече нагоре…

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.