[ВИДЕО] „Мене мама ме тепа и ме тепа кај ќе стигне“: Снимка на деца од Србија од 1981 година открива болна вистина

Кармин

02/12/2025

11:29

875

Големина на фонт

а а а

„Јас добивам ќотек еднаш, двапати на ден“, „добивам со каиш и боли“, „добивам ќотек со стап и многу е силно“ — со овие реченици започнува видеото од 1981 година во кое мали ученици одговараат на прашањето дали добиваат ќотек. Видеото повторно стана вирално на социјалните мрежи — еве за што станува збор.

„Кој те тепа и со што?“ — е следното прашање упатено кон децата, по што тие искрено објаснуваат дали сметаат дека тепањето е неопходно и зошто.

Денес тешко можеме да замислиме деца да даваат вакви одговори, а еве што рекле тие тогаш, во таа не толку далечна 1981 година.


„Па да. Кога децата не можат нешто да сфатат, тогаш малку… мозокот се протресува и потоа сè сфаќаат“, одговорило едно момче со зборови кои најверојатно ги слушнало од својот татко или мајка.

И не било единствено — сите деца на снимката сметале дека ќотекот е добар за децата. Но сепак… не го сакаат.


Прашањата „Кој те тепа?“, „Со што те тепа?“ и „Се сеќаваш ли на некој ќотек?“ навистина се потресни, и просто веруваме дека на многумина не им е лесно да слушнат вакви зборови од уста на толку мали деца.

„Јас добивам со каиш, и ме боли“, одговара едно дете, додека една девојче објаснува зошто татко ѝ ја тепа — и дека смета дека тој е „во право“, бидејќи навистина ги расфрла своите тетратки кога пишува.


„Мене мама ме тепа и ме тепа кај ќе стигне“.

„Жалосно сведоштво. Ова кажува колку родителите немале време за своите деца“, гласи еден од коментарите под видеото.

Друг одговорил: „Добро испаднавме ние, со оглед на тоа во какво идиотско општество пораснавме и како нè воспитуваа. Овој кал во кој живееме е директна последица на тоа малтретирање“.


Но, има и такви кои го бранат ќотекот: „Треба да остане ќотекот, не знам зошто се забранува“, додека други тврдат дека тоа создало „поцврсти генерации“:

„Па затоа не израснаа во инфлуенсери по ТикТок, не се нежни „снегулки“, нема родова флуидност, ги почитуваа родителите и возрасните, вредни како мравки…“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk