[ФОТО] Направено најмалото шише безалкохолно пиво во светот: Големо колку зрно ориз, а содржи само една капка пијалак

Точка

01/12/2025

19:12

394

Големина на фонт

а а а

„Карлсберг“ во Шведска направил безалкохолно пиво, чие шише е високо само 12 милиметри и содржи 0,005 центилитри пијалак.

Нивната цел е да ги потсетат клиентите на важноста на одговорното и умерено пиење.

Каспер Даниелсон, директор за корпоративни работи во „Карслберг“, Шведска, рече дека шишето е големо колку зрно ориз и содржи само една капка безалкохолно пиво.


Тој раскажал дека кога го правеле ова шише, собрале голем тим луѓе. Прво, побарале совет од државниот истражувачки институт „RISE“. Потоа се консултирале со производители на лабораториско стакло.


„Во последниот чекор, сето тоа го средивме заедно, а уметникот што создава минијатури работеше на капачето, етикетата и боите за навистина да го „внесеме“ тоа Карлсберг „чувство“. Значи, дури иако шишето е мало, потребно беше многу време и голем тим за да се заврши и декорира“, рече тој.


Даниелсон исто така рече дека некои луѓе би можеле да помислат дека ова шише не постои или дека фотографиите се направени со вештачка интелигенција, но уверува дека шишето е производ на занаетчиска вештина, иновација и соработка помеѓу тимот на Карлсберг и експертите.