[ВИДЕО] Му се расипал автомобилот, не можел да верува која позната личност му притрчала на помош

Точка

01/12/2025

18:21

973

Големина на фонт

а а а

Извесен тиктокер доживеал сцена како од филм кога, откако му се расипал автомобилот покрај патот, кај него застанал ни помалку ни повеќе туку Џастин Бибер и му понудил помош. Креаторот, познат како Bukumusic, ја снимил целата средба и ја објавил на ТикТок, а снимката брзо станала вирален хит.

На видеото се гледа како Bukumusic седи покрај својот расипан автомобил, кога му приоѓа Бибер и го прашува дали е добро. Тиктокерот брзо сфаќа со кого зборува и во неверување го прашува: „Дали си ти Џастин Бибер?“. Светската музичка ѕвезда лежерно одговара: „Да. Што има, брате?“.

Овој момент длабоко го трогнал креаторот. Тој објаснил дека неодамна се преселил во градот и поминувал низ тежок период, а дефектот на автомобилот бил капката што ја прелила чашата. Му рекол на Бибер: „Мојот живот е луд“, додавајќи дека пејачот потоа му понудил „најдобрата молитва што веројатно некогаш ја имал во животот“.


Вирален хит со милиони прегледи

Видеото, кое го прикажува целиот разговор, вклучувајќи го почетниот шок и повторените извици „Те сакам, брате“, собрало повеќе од два милиони прегледи, а гледачите со воодушевување реагирале на неочекуваната средба.

„Го имаш најлошиот ден во животот, а вселената ти го испраќа Џастин Бибер“, „Начинот на кој го погледна и го праша: ‘Дали си ти Џастин Бибер?’ како да беше ангел пратен да ти помогне“ и „Дали Џастин Бибер е твојата добра вила?“, се дел од коментарите под виралното видео.