Божиќниот пост започна и ќе трае во наредните 40 дена, сѐ до големиот празник Божиќ.
Ова е време кога верниците, со воздржување од мрсната храна, се подготвуваат душевно и телесно да се сретнат со еден од најрадосните денови во христијанството.
Меѓутоа, како што истакнуваат сите православни извори, смислата на постот е многу подлабока од внимателното бирање на оброците. Вистинскиот пост е пред сѐ чистење на срцето, мислите и делата – пат кон смирување и духовна обнова.

Патријархот Павле говорел: „Вистинскиот пост го носи човекот кон смирување. А, во смирувањето човекот стекнува сознание дека спасението лежи единствено во Бог, во неговата милост... Расудувањето значи дар на разликување на она што е корисно и она што е штетно, таму каде што е вистината и таму каде што е лагата“.
Тој посебно нагласува дека со телесниот постои и духовен пост, способност од срцето да го извадиме она што е негативно и да го всадиме она што е добро.

Најчести гревови во текот на постот
Патријархот Павле издвоил три особено опасни гревови на кои верниците често „паѓаат“ во овој период:
- Гордост;
- Прејадување и сластољубие;
- Непочитување на постот.





