[ВИДЕО] Снежна бура во Америка: Откажани многу летови, масивен верижен судир на возила во Индијана

Макфакс

01/12/2025

14:51

156

Големина на фонт

а а а

Силна снежна бура во градовите во САД предизвика голем број проблеми на копнениот и во воздушниот сообраќај.

Видео од масовна и исклучително застрашувачка несреќа на повеќе возила во Индијана, САД, се шири на социјалните мрежи, а властите ги предупредуваат граѓаните да не патуваат, освен во итни случаи.

Поради силна снежна бура и проблеми со софтверот во САД, пријавени се 1.815 доцнења на дојдовни и појдовни летови, а откажани се 490 лета, објави синоќа американската мултинационална компанија, која обезбедува податоци за следење на летовите во реално време, Flight Hour.

Најмногу доцнења и откажувања имало на аеродромите во Чикаго, Њујорк, Бостон, Минеаполис и во Детроит, објавува Си-би-ес.

Авиокомпаниите исто така пријавија прекини во распоредот на летовите во текот на викендот откога Федералната администрација за авијација (FAA) им нареди на илјадници авиони „ербас A320“ од целиот свет да го ажурираат својот софтвер.

Националната метеоролошка служба издаде серија предупредувања и совети за зимска бура, со прогнози од Монтана до Охајо.

До саботата вечер повеќе од 1.400 лета беа откажани на аеродромите во Чикаго, каде што се очекуваше зимската бура да нанесе дури 25 сантиметри снег, а аеродромите во Детроит имаа повеќе од 300 одложувања на летови и десетици откажувања додека бурата се движеше низ областа.