[ВИДЕО] Николоски: Пробиени 17 километри за обиколување на „Стража“ на автопатот Гостивар–Букојчани

Макфакс

01/12/2025

10:47

1.761

Големина на фонт

а а а

Интензивно се одвиваат градежните активности на автопатот Гостивар – Букојчани, кој е дел од Коридорот 8 на релацијата Скопје – Струга – Охрид, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски на „Фејсбук“.

Тој сподели и видео-материјал од теренот, наведувајќи дека досега се пробиени 17 километри од трасата, со што се заобиколува популарната планинска делница „Стража“.

Во објавата Николоски порача: „Ја градиме Македонија!“.

Автопатската делница Гостивар – Букојчани е дел од големиот инфраструктурен пакет на Коридор 8, кој треба да ја подобри поврзаноста меѓу Скопје, западниот регион и Охридско-струшкиот крај.