Ќерката на Роберт де Ниро проговори за смртта на нејзиниот син кој почина од предозирање: Дрина пронајде сила по две години

Точка

01/12/2025

16:50

440

Големина на фонт

а а а

Дрена де Ниро, 58-годишната ќерка на Роберт де Ниро, проговори за најголемата трагедија во својот живот – загубата на нејзиниот син Леaндро. Младото момче почина во јули 2023 година на 19-годишна возраст, а како причина за смртта била наведена случајно предозирање со дрога.

Сега во интервју за „Пејџ сикс“, Дрина отворено проговори за околностите за кои верува дека придонеле за смртта на нејзиниот син. Според неа, активностите на интернет на младиот Леандро одиграле клучна улога, заедно со фаталната комбинација на фентанил и последиците од ковид пандемијата.

„Тој сакаше да пуши марихуана, сакаше да се забавува, но работите тргнаа толку брзо наопаку што знаев дека нешто не е во ред. Знаев дека има врска со она што го правеше на интернет“, рекла таа, додавајќи дека пред неговата смрт Леандро размислувал да оди на рехабилитација.


Имено, тоа ќе беше втора рехабилитација, откако лошото искуство со рехабилитационен центар остави длабок белег врз младиот човек.

Зборувајќи за „Пејџ сикс“, Дрена ги коментирала и апсењата, кои ги нарече „навистина чудни“ и „толку горчливо-слатки затоа што не се чувствувате посреќни“.

„Се надевам дека ќе добијат некаква правда. Ако продавате дрога на млади луѓе, не е важно дали сте го направиле тоа, дали сте знаеле или не, ризикувате“, рекла таа за апсењата.


Но, додала дека, не е заинтересирана да го уништи животот на некој 24-годишник…

Дрена, исто така, се осврнала на животот на својот син, неговата врска со неговиот познат дедо Роберт, 82, и моментот кога дознала за неговата смрт во новообјавеното интервју.

„Детективот стоеше таму – се присетила таа на денот кога Леандро беше пронајден мртов – и целиот свет каков што го знаев се сруши.“


Опишувајќи го Леандро Дрена рекла: „Тој беше едноставно неверојатно дете, беше толку паметен“.

„Бевме исклучително блиски“, продолжила таа, „бидејќи навистина тоа беше првпат во мојот живот да имам идентитет што нема никаква врска со мојот татко, или „Јас сум ова“ на некој друг – одеднаш, имаш врска во твојот живот со некој што го познава најдоброто од тебе, а и најлошото од тебе.“

Нејзиниот татко, актер, „имаше… искуство да биде дедо со него“, рекла таа, додавајќи дека 19-годишното момче било „едноставно чиста душа“.


Трагедијата што го потресе семејството Де Ниро и јавноста доби и криминален епилог: пет лица беа уапсени во врска со неговата смрт, а главниот медицински испитувач на Њујорк потврди дека момчето починало од токсична комбинација од фентанил, бромазолам, алпразолам, 7-аминоклоназепам, кетамин и кокаин.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk