Внимавајте – стартува „Сејф сити“, камерите автоматски ќе ги бележат сообраќајните прекршоци

Нетпрес

01/12/2025

09:30

1.191

Големина на фонт

а а а

Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде документирано, ќе добие СМС и мејл известување со линк, на кој ќе може да преземе записник и платен налог

Системот „Безбеден град, безбедна држава“, кој автоматски ќе регистрира сообраќајни прекршоци преку камерите на „Сејф сити“, почнува со работа денеска. До Нова година е пробниот период – возачите ќе добиваат само предупредувања, без казни. Од јануари, ќе се наплаќаат и казни, кои автоматски ќе се испраќаат на граѓаните.

Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде документирано, ќе добие СМС и мејл известување со линк, на кој ќе може да преземе записник и платен налог. Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина казна. По истекот, износот мора да се плати целосно во следните осум дена, пред да започне постапката за присилна наплата.

Портпаролот на МВР, Гоце Андреевски, најавува нулта толеранција кон прекршувањата, без разлика дали се во населено место или на автопат..

„Секој сопственик на возило чие прекршување ќе биде документирано, ќе добие СМС и мејл известување со линк, на кој ќе може да преземе записник и платен налог. Од моментот на приемот, тече рок од осум дена за плаќање половина казна. По истекот, износот мора да се плати целосно во следните осум дена, пред да започне постапката за присилна наплата. Казните ќе може да се плаќаат и електронски, а системот веднаш ќе го известува МВР дека глобата е платена. Санкционирањето ќе биде согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој, со последните измени, дозволува документирање на прекршоците со камери, без толеранција и секаде каде што ќе се снима – во град или на автопат“, истакна Андреевски.

На почетокот ќе се „ловат“ пребрзото возење, минување на црвено светло, непрописно паркирање, истечена возачка дозвола, а подоцна опсегот ќе се прошити.

„Во почетниот период ќе се евидентираат сообраќајните прекршоци како: управување на возило со брзина поголема дозволената, минување на црвено светло, изминат рок на важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирани возила, а во следната фаза од проектот планирано е проширување на видот на сообраќајните прекршоци што ќе ги регистрира електронскиот систем“, вели портпаролот на МВР.