Српската кошаркарска репрезентација избегна срамен пораз од Швајцарија на домашен терен, а за таа цел мораше да неутрализира 23 поени негатива во второто полувреме.
Иако новиот селектор Душан Алимпијевиќ не може да смета на најголемите ѕвезди во овој квалификациски циклус за СП, Србите имаат императив да обезбедат место во следната фаза, имајќи го предвид своето реноме и резултатите во минатото.
Тоа не ги спречи Швајцарците да доминираат по првите дваесет минути и на пауза да заминат со резултат 34:57, но домашниот состав успеа да направи голем пресврт во продолжението.
Херој во српскиот состав бил Душан Ристиќ, кошаркар кој настапува во јапонското првенство и ја прифати поканата на новиот селектор за да помогне во ситуацијата кога тој не може да смета на голем број играчи.
Ристиќ постигнал 12 од 24 поени во последниот период и имал клучен ефект за важната победа над Швајцарија, посебно имајќи го предвид фактот дека немал промашување на оваа средба. Веднаш зад него бил Милјеновиќ со 23 поени, 8 скокови и 9 асистенции.
Во швајцарскиот состав најрасположен бил Александер Шумахер со 19 поени.






