Според Обединетите нации на Земјата постојат 195 држави, а последна членка е Јужен Судан којшто се одвоил од Судан во 2011 година по граѓанската војна и националното гласање.
Јужен Судан би можел набрзо да ја изгуби таа титула затоа што на светската карта ќе се појави нова држава, Бугенвил.
Овој остров во Тихи океан и натаму е официјално дел од Папуа Нова Гвинеја, но наскоро би можел да се одвои. Поради културните разлики, Бугенвил во 2019 година одржал референдум на којшто 97 отсто од жителите гласале за независност.

Нова членка на ОН?
Тоа значи дека до 2027 година листата на земји членки на ОН би можела да се зголеми на 196.
Ако дојде до независност на овој остров, Бугенвил географски би бил на 174 место по број на жители и 162 место по површина.






