Барселона сè уште се мачи на финансиски план, но се очекува тоа да се поправи во наредниот период особено откако клубот се врати во својот дом, стадион „Камп Ноу“.
Каталонците веќе го одиграа првиот меч на реновираниот стадион, се очекува капацитетот да се зголеми до крајот на годинава и со тоа шпанскиот тим да заработи средства кои би биле од помош во 2026 година и понатаму.
Веќе неколку преодни рока Барса е тивка на пазарот иако очигледно и се потребни засилувања на некои позиции, се користи школата, одредени позајмица, се носат слободни фудбалери…и останува да се види до кога ќе биде активна оваа ситуација. Во меѓувреме еден познат агент кој долго време соработува со Барселона и понуди еден играч од Серија А, членот на Аталанта Едерсон.
- Играч за кој мислам дека би можел многу добро да се адаптира на системот на Барса, придонесувајќи многу со физичката сила и издржливоста, е Едерсон, кој игра за Аталанта. Тоа е можност бидејќи неговиот договор истекува. Аталанта не сакаше да го продаде и покрај тоа што доби многу високи понуди. Мислам дека ќе го продадат во овој зимски или летен преоден рок.
- [Аталанта бараше] многу пари, помеѓу 60 и 75 милиони евра. Тој е близу до крајот на договорот, тие би можеле да ја намалат неговата цена за половина, на помеѓу 30 и 40 милиони евра, но тој е спектакуларен играч со едни од најдобрите статистики во Европа за неговата позиција, - истакна Кари.
Едерсон има 26 години и договор со калчолигашот до 2027 година.







