Баерн Минхен иако посакуваше не успеа да оствари позитивен резулат во вчерашното соочување со Арсенал во Лигата на шампионите.
За да се добие Арсенал во овој момент едноставно мора да бидете перфектни од првата до последната минута, нешто што не беше случај со „баварците“ на „Емирејтс“.
Еден од оние кој потфрли беше капитенот Мануел Нојер кој не беше на висината на задачата, имаше неколку грешки, лоши проценки, меѓу кои се издвојува онаа во 77 минута кога одлучи да го напушти голот, потег кој се покажа како кобен затоа што Мартинели лесно го помина, претрча и потоа стралаше за потврда на трите бода за домаќините.
- Кога си зад себе, едноставно мора да преземеш малку повеќе ризик, а во таа ситуација, додавањето на почетокот беше добро бидејќи не одеше длабоко. Веќе можев да видам дека Мартинели трча против [Џошуа Кимих] и беше малку побрз од него. Тогаш знаев дека тоа ќе доведе до ситуација еден на еден и одлична шанса. Се обидов да расчистам пред него, а тој добро се снајде. Допирот беше едноставно клучен, а потоа повеќе не можев да го дофатам, иако знаев дека преземам голем ризик, - истакна Нојер.
Легендарниот Михаел Балак го искритува Нојер на кога не му е првпат да се реши на вакви потези.
- Тоа не беше потребно. Мануел донесе погрешна одлука таму. Ако тргне по топката, мора да ја добие, тој самиот го знае тоа. Тој одлучи да го преземе ризикот и е казнет за тоа, - порачал Балак.







