Потврда за „дупката“ во која се наоѓа англискиот великан: Ова не му се случило на Ливерпул седум децении

Дерби

27/11/2025

12:55

243

Големина на фонт

а а а

Ливерпул бележи катастрофални резултати во изминатиов период, а новиот клуб кој ја искористи кризата кај англискиот првак е ПСВ кој го освои „Енфилд Роуд“ со 4-1.

Овие неуспеси дефинитивно се загрижувачки и менаџерот Арне Слот ќе мора експресно да најде решение затоа што ако се продолжи во овој ритам прашање е на време кога управата ќе му го сврти грбот.

Великанот дефинитивно е во „дупка“ и тоа го потврдија педантните статистичари кои извадија податок кој вели дека Ливерпул не бил во ваква криза седум децении.

Тогаш во периодот од ноември 1953 и јануари 1954 клубот доживеал 9 порази на последните 12 натпревари, нешто што сега му се случува на составот предводен од Слот.

Воедно Ливерпул за првпат од декември 1953 година губи три мечеви во низа со три или повеќе разлика.