[ФОТО] Куќата на легендарниот гангстер Ал Капоне продадена за 5,82 милиони долари: Погледнете како изгледа денес

Точка

25/11/2025

17:25

1.259

Големина на фонт

а а а

Петкатната куќа во која пораснал Ал Капоне, некогаш најбараниот американски криминалец, е продадена во њујоршкото маало Парк Слоуп, а историјата на домот го привлече вниманието на купувачите повеќе од самата локација и реновирањето.

Семејната куќа во која пораснал некогаш најбараниот американски криминалец Ал Капоне е продадена во њујоршката општина Бруклин, во населбата Парк Слоуп, за 5,82 милиони долари. Петкатната куќа, која во април беше понудена за 6,25 милиони долари, поминала низ темелна реконструкција.

Ал Капоне, роден во Бруклин, се преселил во куќата на улицата Гарфилд Плејс на почетокот од 1900-тите. На единаесетгодишна возраст се приклучил на локалната банда „Five Points“, а подоцна го напуштил домот и заминал во Чикаго, каде што го изградил криминалното царство кое му ја донело титулата „Државен непријател број 1“. Сепак, според агентката за недвижности Надја Бартолуџи, историјата на куќата не била пресудна за продажбата.


За време на првите обиколки пред купувачите дури и не било споменато дека станува збор за домот на семејството Капоне, а заинтересираните сами ја откриле таа информација. „На сите им беше неверојатно интересно“, изјави Бартолуџи.

Таа претходно ја застапувала и продажбата на куќата на адресата Гарфилд Плејс 21, во која живеела пошироката фамилија Капоне. Додаде дека пресудно било тоа како новиот сопственик, компанијата „Minerva“, го преобликувала историскиот објект.


„Minerva“ ја купила куќата во 2024 година како само втор сопственик по семејството Капоне. Сега куќата има повеќе од 370 квадратни метри станбена површина распоредена на пет нивоа, со четири спални соби, пет бањи и три тоалети.

Иако поврзаноста со најозлогласениот американски гангстер одиграла улога во продажбата, Бартолуџи тврди дека за купувачите пресудни биле пристапноста и квалитетот на населбата.