[ФОТО] Објавена нова мапа на Европа: Најголемиот дел од Балканот обоен во црвено, вклучувајќи ја и Македонија – што значи тоа?

Точка

24/11/2025

10:00

2.605

Големина на фонт

а а а

На профилот „Lingue Maps“ била објавена мапа на Европа која го проценува ризикот од земјотреси.

Балканот, вклучувајќи ги Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија, Македонија, Грција и западниот дел на Турција, означен е со црвена боја како подрачје со висок ризик.

На оваа мапа стариот континент е поделен во три зони – висок ризик (црвена), средно-низок ризик (портокалова) и многу низок ризик (зелена), објавена на профилот „Lingue Maps“.


Поделба по зони

Според прикажаното, најголем дел од Балканот е означен со највисок степен на опасност.

Од друга страна, западна и северна Европа (Ирска, Велика Британија, Скандинавија, балтичките држави и Полска) прикажани се како речиси целосно безбедни, означени со темнозелена боја.

Србија, Шпанија, Португалија, Франција, Австрија и Унгарија се наоѓаат во портокалова зона, односно означени се како подрачја со среден ризик иако одредени делови преминуваат во црвено во кои речиси целосно обележана е Италија.


Важна напомена

Авторите велат дека некои региони можат да бидат погрешно обоени поради неправилниот облик и дека одредени стари, неактивни тектонски линии не се прикажани што претставува дополнителна причина за внимателност при толкување на податоците.

Објавената мапа привлекла големо внимание кај корисниците и дава интересен визуелен увид во просторната распределба на сеизмичкиот ризик, но целосен заклучок би бил можен со наведени податоци за изворите на кои се основа и методологијата според која зоните на ризик се одредени.

Поради тоа што резултатите на различните мапи и модели можат да варираат, секогаш е важно да се консултирате со повеќе извори при формирање на поширока слика на оваа тема.