Кардиолог тврди дека овие 2 видови месо се најлоши за здравјето на срцето: „Тој хемиски спој е поврзан со зголемен ризик од канцер и висок крвен притисок“

Точка

22/11/2025

15:00

1.091

Големина на фонт

а а а

Месото одамна е дел од човековата исхрана и иако денес има повеќе вегетаријанци и вегани, поголем дел од луѓето и натаму секојдневно го консумираат.

Поради тоа што за многумина е дел од главниот оброк, понекогаш не се зборува како секојдневното консумирање месо влијае на здравјето, особено на здравјето на срцето.

Сепак, кардиологот д-р Џојс Оен Хсиао, објаснува дека месото иако е богато со протеини и железо, може да го зголеми ризикот од проблеми со срцето, воспаленија на белите дробови и дијабетес.


„Прехраната основана на растенија носи повеќе корист затоа што растенијата немаат маснотии и затоа што се богати со растителни влакна, што исто така помага во намалување на холестеролот“, истакнува докторот.

Тој предупредува и дека кај лицата кои сепак јадат месо треба да се зголеми внесот на зеленчук, цели житарки и овошје и да се намали количината на црвено месо.

Премногу црвено месо го зголемува ризикот од канцер, додека пак нитратите од сувомеснатите производи претставуваат дополнителен проблем.

Токму затоа, докторот наведува дека постојат два видови месо кои најмногу му штетат на срцето. Првата е црвеното месо, особено оние помасните парчиња за кои докторот вели:

„Овие видови месо се богати со заситени масти кои можат да го зголемат холестеролот“.


Тој објаснува дека лошиот холестерол може да се таложи во артериите на срцето и мозокот, создавајќи наслаги кои со текот на времето го блокираат протокот на крв што може да доведе до срцев или мозочен удар.

Другите штетни видови месо се сувомеснатите производи за кои истакнува дека не се здрави затоа што имаат многу заситени масти и натриум, при што вишокот натриум може да предизвика висок притисок и отекување на нозе.