Докторите советуваат дека не треба да јадете кисела зелка доколку ги имате овие здравствени проблеми

Точка

22/11/2025

14:12

762

Големина на фонт

а а а

Докторите велат дека не треба да јадете кисела зелка доколку имате проблем со високиот крвен притисок и вишок течност во организмот.

Киселата зелка без сомнеж е многу корисна, но доколку патите од зголемен крвен притисок и вишок вода во организмот, може да имате поголем проблем доколку јадете кисела зелка.


За киселење на зелка се користи голема количина сол, а тоа не е здраво, особено поради тоа што после јадење кисела зелка се пие голема количина вода.

Кога во организмот внесувате голема количина сол, човекот може да заболи од зголемен крвен притисок.

Солта во организмот станува оптоварување за бубрезите, се таложи во зглобовите и крвните садови, а поради неа вишокот течност се задржува и тешко се исфрла од организмот, а солта го нарушува односот на калиум и натриум, а влијае и на згрчување на мускулите особено околу вратот и грбот.

Доколку се консумира кисела зелка, би требало солта целосно да ја исфрлите од другите намирници кои ги консумирате.


Немирот во рацете и нозете често се појавува како последица на нерамнотежата на калиум и натриум која се создава доколку внесувате премногу сол во организмот. Сите истражувања укажуваат и на поврзаноста на употребата на сол во исхраната и појава на некои видови канцер.

Заклучок: Со киселата зелка која без сомнеж е многу корисна, сепак треба да се биде внимателен.