Фотографијата од бебе кое го дои животно предизвика згрозување – зад неа стои потресно објаснување

Кармин

21/11/2025

14:16

602

Големина на фонт

а а а

Доколку мајката денес нема млеко и не може да го дои бебето, решение е дохраната, односно модерните формули кои претставуваат замена за мајчиното млеко.

Но, пред 100-на години ситуацијата била целосно поразлична. Се поставува прашањето: како се снаоѓале нашите баби и прабаби кога доењето не било возможно?

Во време кога шишињата и безбедните формули не постоеле, жените биле принудени да бараат други решенија за да го нахранат своето новороденче.

Често може да слушнеме дека бебињата мајките ги носеле кај своите сестри, снаи или соседи кои имале млеко. Во многу од средините постоеле доилки, жени кои им помагале на мајките кои сами не можеле да дојат.

Но, во руралните краеви каде медицинската и социјална поддршка била ограничена, семејствата се снаоѓале во уште потешка ситуација. Тогаш улогата на доење ја преземале животните. Да, добро прочитавте.

Единствена опција

На почетокот на 20 век, ако мајката на село немала млеко, а доилката не била достапна, семејството понекогаш посегнувало по единствената опција која можела да го спаси животот на детето, козата.

Поради тоа што козјото млеко полесно се вари од кравјото, животното понекогаш се поставувало така што да го дои бебето. Иако таквата сцена денес ни звучи шокантно, во време кога алтернативите не постоеле, овој очаен чин неретко била единствената разлика меѓу животот и смртта.

Дека вакви пракси навистина постоеле, потврдуваат и коментарите од читателите. Многу од нив изразиле згрозување, но коментирала и една жена која напишала дека нејзината мајка, родена во 1946 година исто така ја доела коза. Други предупредиле дека таквата метода не била без ризик и дека поради истата, за жал, многу бебиња починале.

Иако денес имаме модерни формули и развиени медицински препарати, овие приказни нѐ потсетуваат колку некогаш луѓето морале да се снаоѓаат во тешки околности и колку напредок е постигнат за само неколку генерации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk