Дојче Веле: Германскиот канцелар сака работна сила „од целиот свет“

Точка

19/11/2025

22:28

597

Големина на фонт

а а а

Досега, од Унијата ЦДУ/ЦСУ се слушаа претежно критички изјави во врска со имиграцијата.

Но, сега германскиот канцелар Мерц и министерот за внатрешни работи Добринт зборуваа позитивно за имиграцијата – но тоа се однесува само на една група, пишува Дојче Веле.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц експлицитно се залага за зголемена имиграција на работна сила од странство. „Нѝ треба квалификувана имиграција“, рече Мерц на состанокот во Германскиот сојуз на малопродажба. (HDE).


„Даваме сигнал: Сојузна Република Германија е отворена, слободна, либерална, толерантна земја“, нагласи канцеларот. Тој сака да привлече луѓе „од целиот свет“ кои би дошле во Германија и „се подготвени да работат тука“, додаде тој, осврнувајќи се на недостатокот на квалификувана работна сила.

Потребно е регулирање на доселувањето во пазарот на труд

„Големата коалиција“ (ЦДУ/ЦСУ и СПД) сака да ја намали нерегуларната миграција, но и да ја поттикне „добрата имиграција“ преку легална имиграција и интеграција во Германија, рече Мерц. За тоа служи таканаречената „Work-and-Stay“ агенција, чие основање беше усвоено од кабинетот на почетокот на ноември.

„Оваа агенција „Work-and-Stay“ е веројатно најголемиот дигитален проект што го планиравме во тековниот мандат“, нагласи канцеларот. Нејзината цел е целосна реорганизација на имиграцијата на германскиот пазар на трудот. Дозволата за работа, дозволата за престој и признавањето на професионалните квалификации треба да се обработуваат во сосема поинаков дигитален процес, независно од процедурите поврзани со доделување азил, додаде тој.


Формирањето на агенцијата треба да се одвива постепено. Тендер за централни ИТ компоненти е планиран за 2026 година. Конкретните чекори и деталниот временски план треба да се координираат меѓу надлежните министерства.

Сојузниот министер за внатрешни работи, Александер Добринт, исто така зборувал на тема имиграција и пазар на труд. Според него, добро интегрираните бегалци од Сирија не мора да сметаат на блиска депортација од Германија во нивната татковина.

„Кој се интегрира и работи има перспектива да остане“, изјави Добринт за списанието „Дер Шпигел“. „Кој не се интегрира, кој не работи, има перспектива да се врати во Сирија“. Тој не сакал да дава процена на колкумина луѓе се однесува тоа. „Во рацете на Сиријците е дали нивната интеграција и учество на пазарот на трудот ќе успеат“, рече политичарот од ЦСУ.


Истовремено, Добриндт сè уште не сака да им дозволи на бегалците да патуваат во својата татковина без губење на заштитниот статусот. „Секој што лета во својата татковина очигледно не е во опасност таму. Со тоа го губи и заштитниот статус“, истакна Добринт.

Од почетокот на дискусијата за враќање или дури и депортација на сириските бегалци, имаше барања да се дозволат такви патувања. Тоа би им овозможило да добијат увид во ситуацијата во нивната татковина, на пример, да проверат дали нивната куќа сè уште стои или е уништена.

Меѓутоа германскиот министер за внатрешни работи рече дека овие луѓе имаат роднини, познаници и пријатели во Сирија. „Тие имаат паметни телефони преку кои можат да бидат информирани во секое време за ситуацијата во нивната татковина“, додаде тој.


Во последните денови имаше несогласувања во рамките на Унијата ЦДУ/ЦСУ околу можните депортации во Сирија. Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, за време на посетата на Сирија беше воздржан во врска со можното враќање на сириските бегалци од Германија. Ова е „можно само во многу ограничена мера во моментов“, рече политичарот од ЦДУ.

Добринт неодамна повика на „поголема острина и поголема цврстина“ во европската политика за азил. На национално ниво, на својот прв ден на новата позиција како министер за внатрешни работи, тој ги зајакна граничните контроли и нареди (од) враќање на барателите на азил.