„Син ми многу сакаше кафе, напијте се”: Мајка на загинато дете во пожарот во Кочани ги послужи новинарските екипи на паузата од судењето

Макфакс

19/11/2025

12:10

1.920

Големина на фонт

а а а

На првата пуаза од судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откога многумина бранители побараа одлагање на судењето и нова листа на докази бидејќи обвинителството ги спои постапките за дискотеката „Пулс“ и за агенцијата „Рубикон“, мајка на едно од загинатите деца пред објектот на судницата ги послужи кафе новинарските екипи и семејствата на загинатите.

„Никаде не одиме без кафе, син ми многу пиеше кафе. Ајде напијте се“, рече таа.


Во тек е пауза на судењето. Судијката одобри 15 минути пауза затоа што голем број од обвинетите побараа пауза за тоалет.