Таа е најдобро чуваната тајна во светот на глумата, скромна и на чекор до Оскар: Секоја нејзина сцена делува брутално вистинито

Точка

19/11/2025

10:30

721

Големина на фонт

а а а

Ја нарекуваат „најдобро чуваната тајна во светот на глумата“, но најновата улога на Џеси Бакли, во филмот „Hamnet“, можеби ќе го промени тоа.

Пред петнаесетина години, таа се натпреваруваше во реалното шоу на Ендру Лојд Вебер, а денес Џеси Бакли е една од најценетите европски актерки и сериозна кандидатка за Оскар.

Ирската актерка Џеси Бакли, која ја гледавме во филмовите „Dark daughter“ и „Wild Rose“, ги освои критичарите со својата разорна изведба во филмот „Hamnet“, адаптација на истоимениот бестселер на Меги О’Фарел за Вилијам Шекспир и неговата сопруга Агнес.

Филмот го режираше добитничката на Оскар, Клое Жао (Nomadland), а критичарите се едногласни дека тоа е најдобрата улога на Џеси Бакли досега.

„Таа не глуми во класична смисла, туку го открива ликot пред очите на публиката. Секоја нејзина сцена се чувствува брутално реалнo“, напиша Роби Колин од „The Telegraph“, додавајќи дека токму оваа способност да „допре во душата на ликот, без никаква драма“, е тоа што ја прави посебна.

Од училишниот мјузикл до врвот на Холивуд

Џеси Бакли пораснала во Киларни, Ирска, како најстара од пет деца. Како девојче, таа свирела пијано, харфа и кларинет и храбро преземала машки улоги во училишните претстави.

Откако била одбиена од драмско училиште на 17-годишна возраст, таа решила да си ја проба среќата во шоуто на Би-би-би „I’d Do Anything“, каде што се натпреварувала за улогата на Ненси во мјузиклот „Oliver!“.


Дебирала во 2008 година во претставата „A Little Night Music“ во лондонскиот театар, а набргу потоа се запишала на престижната драмска академија RADA. По дипломирањето во 2013 година, добила улоги во драми на Шекспир и костимирани драми на Би-би-си, вклучувајќи ги „Војна и мир“ и „Жената во бело“.

За неа нема граница

Вистинската трансформација се случи во 2018 година во филмот „Wild Rose“, каде што Џеси ја отелотвори хаотичната, но страсна кантри пејачка. Критичарите тогаш сфатија дека таа е актерка способна за целосни трансформации, што го потврди со номинацијата за Оскар во 2022 година за „Мрачната ќерка“.

Покрај глумата, Бакли не ја занемарува ни својата музичка кариера, па во 2022 година го издаде албумот „or All Our Days That Tear The Heart“, кој беше номиниран за наградата „Mercury“.


„Џеси има неисцрпен извор на емоции. Како да има слој кожа помалку од другите, сè чувствува подлабоко“, рече режисерката Ребека Фрекнал.

Скромна, неодолива и на чекор до Оскар

И покрај нејзиниот глобален успех, Бакли останува приземјена и духовита. Колегите велат дека таа се смее од срце, секогаш се дружи со техничарите и со статистите и не се грижи премногу за гламурот. Ова е поткрепено со приказните дека неодамна била видена како се спушта по ескалаторите на лондонската станица Викторија без телохранители.

Дали ќе остане така дури и ако Оскар ѝ тропне на вратата? Оние што ја познаваат велат дека ќе остане.


„Џеси не се стреми кон слава, туку кон интересни приказни“, вели режисерот Џереми Херин.

А можеби токму затоа е предодредена да стане новата кралица на Холивуд, онаа што не бара внимание, но неуморно го привлекува.