Фудбалскиот Сојуз со лекција за чешките фудбалери: Соучек остана без капитенската лента, останатите без премии

Дерби

19/11/2025

14:15

347

Големина на фонт

а а а

Чешка ги заврши квалификациите за Светско првенство со убедлива победа од 6:0 над Гибралтар, но второто место во групата носи само бараж за Светско првенство, а не директно учество за кое се избори Хрватска од истата група.

Чесите не одиграа добро во последно време и претходниот пораз од Фарски Острови навистина тешко им падна на фановите, кои во пресрет на последната рунда испратија и жестоки критики за своите миленици.

Поради нарушениот однос, чешките фудбалери решија да не ги отпоздрават своите фанови по убедливата победа над Гибралтар со резултат 6:0, а како последица на непријатните сцени, Фудбалскиот Сојуз реши да им одржи лекција на репрезентативците.

Фудбалскиот Сојуз на Чешка им се извини на навивачите за непрофесионалните сцени и ги објави казните за своите фудбалери поради непримерното однесување во Оломуц, односно соопшти дека Томаш Соучек останува без капитенската лента на барем еден натпревар, додека капитенот и сите останати ќе останат и без паричните премии кои биле предвидени за остварената победа во завршната рунда, средства кои сега ќе бидат пренаменети во хуманитарни цели.

Како второпласирана селекција во својата група, Чешка се најде во вториот шешир во баражот за Светско првенство, а потенцијални ривали во полуфиналето и се Ирска, Албанија, Косово и Босна.