„Често доаѓа дома пијан, а неколкупати лежеше и пред куќата. Понекогаш спие во својот црн "Mercedes" во јавни гаражи, а околу автомобилот се појавуваат повраќаници и измет“, раскажуваат соседите кои повеќе немаа трпение за некогашниот голем талент на европскиот фудбал.
Чешкиот фудбалер Мартин Фенин во 2007 година настапи на Светското првенство за млади до 20 години и целосно го воодушеви фудбалскиот свет. Импресионираше со играта, а многумина во него гледаа нова голема ѕвезда на европскиот фудбал. Беше на чекор до потпис со италијанскиот гигант Јувентус, но во последен момент се реши за Ајнтрахт Фракнфурт. Во својот дебитантски настап во Бундеслигата постигна три гола.

Но, со трансферот во поголем клуб и зголемувањето на приходите, стигнаа и проблемите со алкохолот. Недисциплината и пијанството го чинеле посериозна кариера — а денес неговиот живот изгледа како целосен колапс. Пред две години реши подетално да проговори за борбата со зависноста. Призна дека во алкохолот ја барал утехата и дека тоа му било „решение“ за секој проблем.

„Кога имав проблеми, секогаш посегнував по алкохол. Тоа ми беше решение за сè. Најлошо беше што на никого не му се доверував. Се затворив во себе и не зборував за моите проблеми“, изјави Фенин.

Се обиде да го промени животот, но не успеа. Се ожени со полицајка која има ќерка од претходен брак, се подготвуваше и за своето ММА-деби, но ништо од тоа не вроди со успех. Повторно се врати на старите и деструктивни навики.

„Често доаѓа дома пијан, а неколкупати лежеше пред куќата. Понекогаш спие во својот црн "Mercedes" во јавни гаражи, а околу автомобилот има повраќаници и измет“, сведочат неговите соседи кои се целосно разочарани од некогашниот фудбалер, за кој велат дека е „непоправлив“.










