Родриго конечно уживаше во поголема минутажа и тоа го направи на двата натпревари на Бразил на кој беше стартер, па после позитивното искуство со својот добар познаник Карло Анчелоти, Бразилецот се враќа во Мадрид да се бори за своето место во тимот.
Крилниот напаѓач западна во втор план откако Чаби Алонсо е тренер на тимот и добива значително помалку шанси, а поради тоа, пред враќањето во Шпанија добил за задача да направи паралела за неговата ситуација на репрезентативен и клупски план.
– Не можам да давам многу опширни изјави, можам да давам мислење за моментот откако добивам повик од Анчелоти. Имам многу добро чувство и се гледа дека тимот има јасна идеја со Карло како селектор. Сега имаме јасна идеја како треба да играме и како треба да се браниме, а во актуелниот фудбал, тоа прави голема разлика. Имам навистина позитивни впечатоци од овој собир и средбата со Анчелоти.
– Минутажата во Реал? Не можам да направам многу, ми преостанува само една работа. Мора да продолжам напорно да работам, да давам се од себе и да се обидам да ја придобијам довербата од новиот тренер, исто како што тоа го правев со Анчелоти.
– Можам да се подобрам само со напорни тренинзи, мислам дека тренерот ја гледа мојата посветеност. Се надевам дека ќе добијам повеќе шанси во иднина, – вели Родриго.







