„Мерцедес“ со германски таблички се преврте на патот Кичево – Гостивар: Повредени три лица, меѓу нив и малолетничка

Макфакс

19/11/2025

14:10

342

Големина на фонт

а а а

Вчера во 12:50 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на патот Кичево-Гостивар, во близина на „Мавровска раскрсница“, патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки, управувано од И.Р.(39) од Кичево, се превртело на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка од с.Стрелци, кичевско и А.В.(24) од Романија, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.