Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Макфакс

18/11/2025

18:50

494

Големина на фонт

а а а

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија на 15 години. Почетната цена на месечниот закуп е 0,5 отсто од проценетата вредност, или 251.073 денари.

Со 17 гласови за и 6 против, во Советот донесена е одлуката за издавање под закуп на Дино паркот, јави „Канал 77“.

Советникот од Левица, Ангеле Михајловски пресмета дека со влезниците што се наплаќаат, заработката ќе биде поголема од закупот што ќе го добива општината.

„Однапред сте знаеле дека Дино паркот ќе го дадете на приватна фирма. Не може да ме убедите поинаку“, рече Михајловски од говорницата.

Немањето на капацитет, кадровски и финаиски ресурси за одржување на паркот од страна на општината и ЈП „Исар“ е причината поради која се издава Дино паркот, објасни Вишна Шорова – Ангелова, секретар на општината Штип.

„Штип е општина која постојано расте и се развива утврдивме потреба дека се потребни забавни површини со цел децата почесто да остануваат овде и да поминуваат повеќе време со родителите. Така ја утврдивме потребата, а се разбира и од комуникацијата со граѓаните. Овој износ, почетната месечна закупнина од 251 073 денари произлегува од Законот кој пропишшува дека доколку еден објект се даде под закуп истиот ќе има почетна цена од 0,5% од проценетата вредност“ – рече Шорова-Ангелова, пренесе штипската „МНет“.

Дополнително по давањето на Дино паркот под закуп ќе се одреди и цената на влезниците. Дино паркот во Штип беше изграден пред еден месец на површина од околу 10 илјади метри квадратни. Поставени се 50 експонати од кои 20 се виртуелни диносаурси кои реагираат на сенозри се движат и испуштаат крикови. Изминатиот период и посетеноста е доста голема особено за време на викендите