Џулиет Тарнер, еколог и еволутивен биолог на 14 ноември споделила голема вест: „Го положив усниот испит! По околу 4 години истражување, успешно ја одбранив мојата теза. Можете да ме викате докторка“, напишала таа покрај фотографија со која го прославува својот докторски труд по филозофија (DPhil) на престижниот Универзитет Оксфорд.
Но, работите тргнаа во погрешна насока. По објавувањето, еден самопрогласен „лајф коуч“ одлучи да го омаловажи нејзиниот успех со сексистички коментар. „Погледнете ја дипломата кај таа девојка. Тоа никогаш не го кажал ниту еден маж“, напишал Ричард Купер, човек кој на интернет се претставува како „тренер за момци“ кој „ги учи мажите како да избегнат „ред флагови“ кај жените“.
"Just look at the degree on that chick"
— Richard Cooper (@Rich_Cooper) November 15, 2025
~ No man ever pic.twitter.com/ZFAJ0GelxX
Интернетот застана во нејзина одбрана
Но, тој не очекувал дека интернетот навистина ќе застане во нејзина одбрана. Одговорите на неговиот коментар го преплавија „X“, а реченицата „Погледни ја дипломата кај таа девојка“ доби сосема поинакво значење.
„Доста е забавно како те тригерираше тоа што девојката навистина нешто постигна“, „За вистинските мажи, интелигенцијата е секси“, „Дали некогаш си ја земал предвид можноста дека жените не одат на факултет за да ги задоволат или привлечат мажите?“, „Единствената 'жена' со која си бил некогаш е твојата рака“, „Бактерија која јаде мозок би умрела од глад во твојата глава“, „Јас одам на докторски и размислувам за тоа што мисли некој приглуп маж – никоја жена никогаш“, се само некои од коментарите што ја преплавија неговата објава.
Here, I fixxed your pfp.
— 🔋Radio 𝕏Ð🔋 (@doge_radio) November 17, 2025
Now you look exactly like a dick. pic.twitter.com/XBP9vHivyI
The only woman bro’s ever been with: pic.twitter.com/nNsV8pvZ1T
— Kommander Karl (@kommanderkarl) November 18, 2025
И веднаш по тоа, „X“ беше преплавен со фотографии на девојки со дипломи, проследени со реченици: „Па, само погледнете ја дипломата кај таа девојка!“




И така, шовинистот Ричард создаде генијален феминистички вирaлен тренд.









