[ВИДЕО] Се откажал од мобилниот телефон на 30 дена, па ги снимил промените во мозокот: Многумина биле изненадени од резултатите

Точка

18/11/2025

18:50

1.133

Големина на фонт

а а а

Еден маж кој на месец дена го исклучил својот мобилен телефон, забележал запрепастувачки промени во функционирањето на мозокот. Во свет во кој сè повеќе време поминуваме пред екрани, јутјуберот Ендру Фајнстин решил да открие што би се случило доколку целосно се откаже од телефонот.

Пред да започне, направил снимање на мозокот, а резултатите биле загрижувачки — се вбројувал меѓу најлошите кога станува збор за задржување на вниманието, а скенирањето покажало неурамнотежена активност во подрачјата поврзани со анксиозност, сон и депресија.

По 30 дена без телефон, и покрај анксиозноста и практичните проблеми поради недостиг на навигација и карти, Ендру повторно го снимил мозокот. Промените биле драматични, а лекарот неговиот напредок го опишал како еден од најдобрите што ги видел бидејќи постигнал многу повисоки резултати на тестовите кои го сочинувале скенирањето на мозокот, со огромно подобрување во одржување на вниманието и контролата на импулсите.

Некои следбеници биле воодушевени, други сфатиле дека и самите се зависни

Реакциите на гледачите биле бурни. Многумина веднаш ја погодиле суштината на целата приказна:

„Мама беше во право, проблемот е тој проклет телефон“, е еден од коментарите што собра илјадници лајкови. Други тоа го формулирале уште посликовито: „Овој човек го изгуби телефонот и се пронајде себеси“. А имало и такви што духовито ја признале иронијата на ситуацијата: „Јас го гледам ова на телефон“ или „Иронично, ова видео ми попречува да ја завршам задачата“.

Неколку гледачи споделиле свои неочекувано позитивни епизоди без телефон. Еден напишал дека случајно останал без телефон за време на пролетниот одмор: „Деветте дена без телефон беа најдобрите денови од мојот живот. Бев присутен, поврзан со луѓето. Сè уште го паметам тоа по 15 години“.

Се јавиле и тинејџери: „Имам 14 години, го продадов паметниот телефон и си купив Nokia“.


Други искрено признале дека нивното враќање на телефонот би било целосен антиклимакс: „Ако го оставам 30 дена, единствените пораки што ќе ги добијам ќе бидат од операторот“.

Голем број гледачи истакнале дека видеото им дало сосема нова перспектива.

„Сфатив дека самата си недостасувам“, напишала една девојка, искрено опишувајќи како телефонот ѝ станал бегство од животот и сопственото здравје. Друга открила дека веднаш по видеото почнала да ја средува собата, сфаќајќи колку е зависна од телефонот.

Еден гледач бил особено концизен: „Не стануваше збор за преживување без телефон, туку за преживување со самиот себе во вистинскиот свет“.

Особено одекнало тоа што Ендру ја поткрепил својата приказна со вистински снимки од мозокот: „Фактот што го сними мозокот пред и потоа му даде вистинска тежина на видеото“, напишал еден гледач.