Ирска си ги задржа шансите за пласман на Светско првенство со голема победа над Португалија во Даблин, натпревар кој остана одбележан и од црвениот картон кој го заработи Кристијано Роналдо.
Гостинскиот капитен се најде во центарот на вниманието со испадот кој го имаше во второто полувреме, па додека иронично аплаудираше на исклучувањето кое го доби, Роналдо имаше порака и за ирскиот селектор.
Роналдо имаше што да му порача на Хајмир Халгримсон, по што исландскиот тренер и откри на јавноста какви зборови му посветил Кристијано на пат кон соблекувална.
– Иронично ми честиташе за притисокот кој го извршив врз судијата, но тоа нема никаква врска со мене, одлуката нема никаква врска со мене. Доби исклучување поради инцидент кој тој го иницираше на теренот.
– Ова нема никаква врска со мене, освен ако не сум влегол во неговата глава. Додека го напушташе теренот, ми порача дека сум реагирал паметно со вршењето притисок. Ги обвини судиите за инцидентот, но тој треба да ја бира вината кај себе и својата смешна одлука да нападне наш фудбалер, – изјави Халгримсон.






