Томас Тухел продолжи со стопроцентниот учинок во квалификациите за Светско првенство и неговиот тим остана на врвот без примен гол, откако англискиот тим најде решение и за Србија на домашен терен.
Англичаните имаат импресивна гол разлика 20:0 по победата од 2:0 и потврдија дека изгледаат максимално стабилно и избалансирано под водство на германскиот стручњак, кој горе-доле веќе има направено база од фудбалери за која смета за Светското првенство.
Јавноста на Островот во последно време доста зборува за фактот што Џуд Белингам не е стартер на последните натпревари, па иако тоа може да се промени до стартот на мундијалот, Вејн Руни е сигурен дека една ѕвезда сигурно нема да обезбеди и билет за Светско првенство.
Џек Грилиш остана без повик за последното Европско првенство и доживеа огромно разочарување, но по се изгледа, Грилиш ќе остане и без настап на мундијалот наредната година.
– Џек Грилиш може да си го закаже летниот одмор уште отсега, бидејќи тој сигурно нема дополнително да влезе во тимот на Англија. Помисливме дека може да влезе поради падот во формата на Гордон, но тој и во такви услови не добива повик. Според мене, Тухел има донесено дефинитивна одлука за Грилиш, – потенцира Руни.






