Тери: Само двајца играчи на Челси можеа да ги користат јахтите на Абрамович

Дерби

14/11/2025

11:55

472

Големина на фонт

а а а

Роман Абрамович направи фудбалска велесила од Челси и го водеше клубот до 21 титула во своето 19-годишно владеење на „Стемфорд Бриџ“, кое на крајот за жал заврши неславно поради притисокот од британските власти.

Рускиот олигарх буквално беше избркан од Англија и беше приморан да го продаде Челси, а оваа тема беше предмет на разговор и во интересниот поткаст кој го водеа Џон Оби Микел и Џон Тери.

Поранешните фудбалери на Челси ја коментираа успешната ера под водство на газда Роман, при што Оби Милел откри анегдота која брзо стана доста популарна во јавноста.

– Абрамович е еден од најдобрите луѓе кои можете да ги сретнете. Британската влада треба да се засрами од начинот на кој го третираше, но и од тоа што му го приреди, – порача Тери, по што Оби Микел ја сврте приказната во друга насока.

– Ова го вели човекот кој беше научен да ги користи јахтите. Тој користеше јахта од газдата за да оди на одмор. Само тој ја имаше таа привилегија како капитен, – со насмевка откри Оби Микел, по што Тери го поправи.

– Двајца играчи ја имаа таа привилегија, јас и Лампард. Вистина е тоа што го велиш, но траеше само една сезона. Абрамович имаше одличен однос со сите, дури и со агентите на фудбалерите, – додава Тери.