Ламин Јамал беше во центарот на вниманието пред последното „Ел Класико“, откако неговата изјава ги налути сите во редовите на Реал Мадрид и ја зголеми тензијата на теренот.
Фудбалерот на Барселона несомнено располага со голем фудбалски потенцијал и тоа го докажува со своите настапи, но една поранешна ѕвезда на Реал Мадрид смета дека тој не ги исполнува условите да биде член на „кралскиот клуб“.
Иван Заморано настапуваше за Реал пред неколку децении, а во последното интервју го критикувал крилниот напаѓач на Барса.
– Јас не би го ангажирал Јамал во Реал Мадрид, бидејќи тој не го исполнува профилот за да биде член на овој клуб.
– Би го довел Педри, тој е феномен и ги прави работите без да зборува многу, скромен е и зборува со своите настапи на теренот.
– Јамал е добар за Барселона, но не и за Реал, ја нема потребната човечка класа и култура која е карактеристична за мадридскиот состав. Реал Мадрид е клуб со посебна класа и култура и секој фудбалер мора да биде нивен репрезент.
– Никогаш не го слушнав Меси да изјави дека ние сме краделе, а тој беше најдобар во светот, – рекол Заморано.







