[ВИДЕО] Алкарас отвори со победа на завршниот Мастерс во Торино

Дерби

09/11/2025

16:52

225

Големина на фонт

а а а

Карлос Алкарас отвори со победа на стартот на завршниот Мастерс турнир во Торино, откако шпанскиот тенисер успеа да најде решение за „демонот“ Алекс Де Минор.

Австралискиот тенисер понуди високо ниво на игра во првиот сет кој беше исклучително возбудлив, но во клучните моменти од тајбрејкот, повеќе нерви и смиреност имаше Карлито.

Алкарас со три поени во низа направи пресврт и го доби тајбрејкот со 7:5, а тоа беше почеток на крајот за Де Минор, кој во вториот сет не успеа да го одржи темпото под првиот.

Шпанецот беше далеку поубедлив во продолжение и му допушти само два грејма на ривалот, па со 7:6 и 6:2 ја запиша првата победа во својата група.

Програмата во Торино продолжува денеска со дуел од втората група, а на теренот силите ќе ги одмерат Александер Зверев и Бен Шелтон.