По импресивниот старт на сезоната, Чикаго рано утрово го претрпе и третиот пораз во НБА лигата, но истиот е посебно болен поради тоа што остана и без Џош Гиди.
„Биковите“ загубија на гостувањето кај Кливленд со резултат 128:122, но посебно вирална сцена од овој натпревар ни пристигна од третиот период.
Josh Giddey got crossed SO HARD he couldn’t walk after 😭😭😭 pic.twitter.com/GeSO3GIKEC
— BrickCenter (@BrickCenter_) November 9, 2025
Деандре Хантер беше прво име на паркетот со 29 поени во победничкиот тим, но овој играч беше заслужен и за непријатната повреда која ја заработи Гиди.
Ѕвездата на Кливленд почна да танцува на теренот и со серија дриблинзи го „измести“ Гиди, по што кошаркарот на Чикаго го свитка зглобот и остана на земја.
Џош веднаш стави до знаење дека заработи незгодна повреда, а потврда за тоа пристигна и по натпреварот кога беше објавено дека тој го напуштил теренот со заштитна чизма и бил испратен на детални медицински прегледи.







