[ВИДЕО] Кинезите објавија снимка од „вонземското летало“: „NASA“ одби да го направи тоа

Точка

08/11/2025

10:14

1.711

Големина на фонт

а а а

Кинескиот орбитер „Tianwen-1“ објави снимка од кометата 3I/ATLAS за време на нејзиниот прелет покрај Марс — придонесувајќи кон напорите да се разјасни оваа меѓуѕвездена аномалија, за која некои научници шпекулираат дека би можела да има вонземско потекло.

На анимираната GIF-снимка составена од повеќе фотографии направени меѓу 1 и 4 октомври објавена од порталот Space.com, кометата 3I/ATLAS се гледа како се движи низ космосот, додека е објавена и посебна фотографија снимена на 3 октомври.

„Ова беше прв обид за фотографирање на толку далечна и релативно темна цел“, соопшти Кинеската национална вселенска администрација (CNSA).

Камерата од Марс фати меѓуѕвезден посетител

Орбитерот „Tianwen-1“, распореден на Црвената планета во 2021 година, ја снимил кометата со камера со висока резолуција (HiRIC), која е слична на „HiRISE“ камерата на Mars Reconnaissance Orbiter (MRO) на НАСА, но со нешто пониска резолуција.

Снимањето не било лесно, бидејќи камерите на леталото се дизајнирани за фотографирање на добро осветлената површина на Марс — не на мала, темна комета што се движи со брзина од 209.800 км/ч.

Според податоците на "IFLS Science", тимот истакнал дека 3I/ATLAS е дури 10.000 до 100.000 пати побледа од типичните марсовски цели.

„Употребата на камерата со висока резолуција беше внимателно осмислена, а стратегијата за снимање прецизно разработена — што овозможи успешно завршување на мисијата“, соопшти "CNSA".

„Оваа операција ги искористи максимално можностите на камерата, со фокус на слаба, но исклучително значајна цел.“

Според агенцијата, камерата успеала да ги забележи карактеристичните обележја на кометата — јадрото и нејзината кома, со пречник од неколку илјади километри.

Меѓупланетарна трка за снимка

„Врз основа на овие податоци, истражувачите моментално спроведуваат детална анализа на ’ATLAS‘“, соопшти "CNSA".

Снимањето на кометата станало вистинска вселенска трка. Откако „ATLAS“ во септември преминала на спротивната страна од Сонцето и се изгубила во неговиот сјај, научниците предупредуваат дека нема да биде видлива од Земјата барем до крајот на месецот.

Во меѓувреме, кометата била фотографирана и од „Mars Express“ на Европската вселенска агенција (ESA), како и од сондата „ExoMars Trace Gas Orbiter (TGO), исто така во орбитата на Марс.

Контроверзии со „NASA“ и „вистината“ за "ATLAS"

Истовремено, познатиот астрофизичар Ави Лоеб ја обвини "NASA" дека одбива да ја објави снимката на кометата направена на 2 октомври со камерата „HiRISE“. Според него, фотографијата можела да открие аномални карактеристики на „ATLAS“ — како опашка насочена кон Сонцето, наместо од него, што е спротивно на сè познато во астрофизиката.

Републиканската конгресменка Ана Полина Луна побара од вршителот на должноста администратор на "NASA", Шон Дафи, да ги објави сите необјавени податоци и снимки од оваа комета — објект со големина на Менхетн, трет меѓуѕвезден објект што некогаш бил забележан во Сончевиот систем.

„Ви пишувам со цел да побарам објавување на специфични податоци за 3I/ATLAS, снимени од мисиите на "NASA"“, навела Луна во своето писмо.

„Овие информации се од огромно значење за унапредување на нашето разбирање за меѓуѕвездените посетители и нивната интеракција со нашиот систем“, додала таа.

Лоеб ја пофали Луна за нејзината иницијатива во објава на „Medium“, пишувајќи:

„Сите ѝ должиме голема благодарност за нејзината визионерска поддршка на науката на граница од познатото.“

Дали е „ATLAS“ навистина вонземска сонда?

Од моментот кога „ATLAS“ беше откриена во јули, Лоеб, кој е научник на „Harvard University“, тврди дека објектот покажува неколку аномални однесувања кои би можеле да укажуваат дека не е природна комета, туку технолошки објект.

Во неодамнешен труд, тој наведе дека негравитациското забрзување забележано од "NASA", заедно со промената на бојата на објектот, може да укажуваат на „технолошки потпис на внатрешен мотор“ — што повторно го отвора прашањето дали сме сведоци на вистински вонземјански посетител.