На југот на Ирак, во близина на Персискиот Залив, археолозите ја потврдија локацијата на одамна изгубениот град основан од Александар Велики – станува збор за Александрија на реката Тигар.
Станува збор за некогаш просперитетен трговски центар кој со векови бил скриен, пренесува „Fox News“.
Основан во четвртиот век пред новата ера како пристанишен град што ја поврзувал трговијата од Индија со Месопотамија и медитеранскиот свет, градот паднал во заборав по третиот век од новата ера, кога текот на реката Тигар се променил.
Во текот на последните неколку години истражувачите ги мапирале градските утврдени ѕидини, уличната мрежа и градските блокови, благодарение на снимки од дрон и геофизички скенирања со висока резолуција.
Археолозите работат на локалитетот уште од 2010-тите години, во период кога терористичката организација Исламска држава имала контрола над таа област, но дури сега се откриени целосните размери на изгубената метропола.
“You’ll always end up in this city. Don’t bother to hope
— C.P. Cavafy (@CCavafy) March 13, 2026
for a ship, a route, to take you somewhere else; they don’t exist.”
– C.P. Cavafy, “The City”.
[Alexandria, Egypt, 1870. Photograph by Felix Bonfils] pic.twitter.com/Fao2r3tw9P
Универзитетот во Констанц во Германија соопшти дека со багери се дозволени само површински истражувања под строг надзор на војници или полиција.
Истражувачите идентификувале храмски комплекси, работилници со печки и огништа, како и остатоци од градското пристаниште и систем на канали.
„Градот бил поплавуван повеќепати, но чудесно добро е зачуван“, изјави Стефан Р. Хаузер, професор по археологија на Универзитетот во Констанц.
Хаузер објасни дека, како и неговиот попознат имењак во Египет, Александрија на Тигар била основана на раскрсницата меѓу реката и морето.
Тој додаде дека Александар Велики лично ја избрал локацијата во 324 година пред новата ера, повикувајќи се на авторот Плиниј Постариот, кој пак се потпирал на уште постари извори.
Alexander the Great's long-lost city Alexandria located after nearly 2,000 years: 'Absolutely stunning' https://t.co/RpetrZ6ahw pic.twitter.com/6aY8RCqOZR
— New York Post (@nypost) March 13, 2026
Археологот нагласи дека големината на градските блокови е извонредна и ги надминува дури и оние во главните престолнини од тоа време, како Селеукија на Тигар или Александрија на Нил.
„Квалитетот на геофизичките докази е апсолутно зачудувачки. Зачуваноста на зградите е изненадувачки добра, а почнавме да идентификуваме ѕидови веднаш под површината, што исто така ги објаснува добрите резултати од геофизичките истражувања“, рече Хаузер.
Како што е наведено, тимот истражувачи планира во иднина да го истражи градскиот кварт и неговите работилници и печки, во зависност од финансирањето.
Хаузер заклучи дека локалитетот е „особено погоден за ваков вид истражување, бидејќи од античко време до денес таму немало никаква градежна активност“.
















