Албанската федерација бара доказ дека е жена: „Се сруши целиот мој свет“

Точка

07/11/2025

16:17

1.414

Големина на фонт

а а а

Бразилската одбојкарка Најара Ферејра (32), која настапува за клубот „Динамо“, беше суспендирана од Албанската одбојкарска федерација, која од неа бара да направи тест со кој ќе докаже дека е жена.

Суспензијата следела по жалбите на клубовите „Влазнија“ и „Поградец“, кои тврделе дека спортистката можеби е маж или дека користи хормонска терапија за подобрување на спортските перформанси.


Федерацијата ѝ наложила тестирањето да го изврши на 15 октомври, но Ферејра тоа го одбила. Наместо тоа, таа доброволно направила тест во друга клиника, а резултатите се очекува да бидат познати во следните неколку дена.


„Се чувствувам како да ми се сруши целиот свет. Никој никогаш не го доведувал во прашање мојот пол. Не ми е јасно зошто го прават ова“, изјави Ферејра. Таа додаде дека се чувствува несигурно откако обвиненијата излегоа во јавноста:

„Повеќе не се чувствувам безбедно. Кога одам по улица, имам чувство дека може нешто да ми се случи.“


Бразилската одбојкарка има целосна поддршка од своите соиграчки и тренерот на „Динамо“, кои стравуваат дека оваа ситуација може да ги загрози нивните шанси за титулата.


„Ситуацијата е сериозна. Ферејра ја има мојата поддршка и поддршката на соиграчките. Ние зборуваме на теренот — не сакаме да се занимаваме со озборувања“, изјави тренерот на „Динамо“, Орландо Која.