Претседателот на Рајо лут на сеирот на полскиот ривал: Тоа не би го направил ниту Реал Мадрид

Дерби

07/11/2025

13:20

294

Големина на фонт

а а а

Рајо Валјекано вчера успеа да оствари важна победа во Конференциската лига над Лех Позњан, а триумфот е уште посладок за шпанскиот клуб поради еден потег на ривалот во пресрет на натпреварот.

Полскиот клуб објави фотографии од соблекувалната на стадионот на Рајо, потсмевајќи се со нејзиниот изглед и состојба, нешто што очекувано не наиде на одобрување во редовите на клубот од Мадрид.

Претседателот Раул Мартин Преса излегол со изјава, со која го потврдил незадоволството од потегот на Лех, истакнувајќи дека во таа соблекувална гостувале многу поголеми клубови, па никој од нив не реагирал на таков арогантен начин.

– Таа соблекувална беше реновирана последното лето за да ги исполнува стандардите на Ла Лига.

– Дури кога беше и во полоша состојба, ниту еден друг клуб не постапи на сличен начин, а тука ни гостувале и играчи од калибарот на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

– Мбапе ќе биде таму во недела и не верувам дека Реал Мадрид би објавил таква содржина, – рекол Преса.